ВИДЕО | Голеада и многу грешки во Истанбул: Манчестер Јунајтед испушти победа против Галатасарај

Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Во возбудлив натпревар Галатасарај и Манчестер Јунајтед ремизираа во Истанбул со резултат 3:3.

Изгледаше дека избраниците на Тен Хаг ќе дојдат до победа во овој важен натпревар кога по 18 минута „црвените ѓаволи“ во Истанбул водеа со 0:2. Гарначо во 11. и Бруно Фернандеш во 18. минута ја погодуваа мрежата на домаќините.

Онана првпат матиран беше по половина час игра кога Зијеш го постигна својот прв гол од слободен удар на оваа средба.

По само десет минути игра во вториот дел Јунајтед одново дојде до предност од 1:3, а стрелаше Мектоминеј.

Галатасарај не се откажа продолжи да напаѓа и да создава шанси. Мароканецот Зијеш одново на сцена стапи во 62. минута кога Онана катастрофално реагираше и дозволи фудбалерот на Галатасарај по вторпат да се израдува од слична позиција.

По тој гол Галатасарај имаше повеќе од играта, а Актурголу на дваесетина минути до крајот го постави конечниот резултат, Зијеш во оваа ситуација беше асистент.

На табелата сега Копенхаген и Манчестер Јунајтед се трето и четврто место со по четири бода, Галатасарај има пет, а Баерн Минхен е сигурен на лидерската позиција со 12. Во следното коло Галатасарај игра против Копенхаген, додека Јунајтед го пречекува Баерн Минхен.

Ефикасно  беше и навториот натпревар во истиот термин каде што ПСВ со 2:3 ја совлада Севиља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот