ВИДЕО | Шкриељ: Се надевам дека сторителите на убиството на Вања ќе сносат казна каква што треба и заслужуваат
„Целата нација и секој граѓнин е шокиран и потресен од она што го разбравме вчера, од еден прерано згаснат живот. Сите се надевавме дека потрагата ќе заврши со позитивни вести. Сочувство до семејството, соучениците и сите што ја сакаа Вања. Се надеваме дека сторителите ќе сносат казна каква што треба“ рече пратеничката од СДСМ, Санела Шкриељ во утринската програма на „Слободен печат“ во соработка со „Градска.мк“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Таа додаде дека насилството е присутно во јавниот простор и говорот на омраза ги надмина сите граници во нашето општество и забележа дека се дава премногу медиумски простор на личности што поттикнуваат омраза.
„И вчера видовме како некои ликови се обидоа да ја злоупотребат оваа ситуација и да предизвикаат тензии и шират дезинформации“ рече Шкриељ.
Пратеничката забележа дека во земјава има и дебатни емисии каде се поттикнува агресивната комуникација и дебата, наспроти аргументираното дебатирање.
„Треба да сме свесни дека тоа испраќа порака дека насилничкото и агресивно однесување е дозволиво. Говорот на омраза преминува во дела од омраза. Сите имаме одговорност во целава приказна и експанзија на наилство и онлајн и во реалниот простор“ рече Шкриељ.


