Фото: социјални мрежи

ВИДЕО: „Шкода“ се искачи на жардиниера кај Соборна и таму остана

Возач, кој ако се суди по табличките, е од Скопје, вечерва успеа не сакајќи да направи нешто што сигурно не би успеал доколку сакал – тој со автомобилот „Шкода“ вешто се искачи на зеленилото меѓу двете страни на булеварот „Св. Климент Охридски“ и остана цврсто на местото, точно спроти Соборниот храм.

Според тоа како завршила колата, помошта таа да запре, која ја пружил столбот за улично светло, се чини, била добредојдена.

Фото: социјални мрежи

Засега не е јасно како возачот успеал во овој несекојдневен подвиг, но тој бездруго прелетал по крстосницата со „Партизанска“ (и под камерите на „Безбеден град“) со брзина далеку над максимално пропишаните 50 километри на час.

Засега нема информации за повредени во несреќата.

Дрвокрадец без возачка дозвола им избегал на полицајци со „Лада“ по улиците на Кавадарци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот