Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Шестгодишно девојче ја реши Рубиковата коцка за 6 секунди и постави нов светски рекорд

Шестгодишната Као Киксиан постави нов светски рекорд за жени во решавање-сложување на Рубикова коцка 3х3х3 за речиси 6 секунди, поточно за 5,97 секунди на Меѓународното отворено првенство.

Као Киксиан, која потекнува од кинеската провинција Џангсу, почнала да си игра со Рубиковата коцка кога имала само три години, инспирирана од братучедот кој ја научил на вештината на „брзо местење“, решавајќи ја светски познатата загатка што е можно побрзо.

Меѓутоа, по околу една година, девојчето станало толку добрo во тоа, што нејзиниот братучет немал што повеќе да ја научи, а родителите ѝ ангажирале тренер за Рубикова коцка. Као уживала толку многу во брзото решавање на Рубиковата коцка така што вежбала по два до три часа секој ден, а нејзиното време станувало сè подобро и подобро. Меѓутоа, дошло до момент кога „удрила во ѕид“ и ѝ била потребна сета помош од нејзиното семејство за да го надмине проблемот.

„Таа застана на 12 секунди кога три месеци се обидуваше да достигне 10 секунди. Вежбаше многу, но не напредуваше и речиси се откажа“, се присетува Као Киан, мајката на Киксиан.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Со цел да ја мотивираат и да ѝ помогнат да ја надмине оваа пречка, целото семејство на Као Киксиан се занимавала со Рубиковата коцка, па дури и учествувале на натпревари за возрасни. Меѓутоа, никој не се осмелил да сонува дека надареното девојче ќе може да постави нов светски рекорд на само шест години.

Па сепак, на Меѓународното отворено првенство на Рубикова коцка во Светската коцка (ВЦА) во Сингапур, таа стана првата жена (девојче) што ја решила (сложила) Рубиковата коцка 3x3x3 за помалку од 6 секунди во просечна категорија.

„Никогаш не мислевме дека толку брзо ќе го собори светскиот рекорд. Два до три дена откако се вративме дома, се чувствувавме како сè уште да сме во сон“, рекла Као.

Просечното време на Као од 5,97 секунди по пет круга брзо решавање на Рубиковата коцка ѝ го донесе трофејот и титулата светска рекордерка.

Сега таа не планира да забави. Инспирирана од својот неодамнешен настап, шестгодишното девојче сега сака да го собори женскиот рекорд, кој во моментот изнесува 4,44 секунди.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот