ВИДЕО | Шест години „Преспав“: Поеманципирани сме одошто сакаат да прикажат политичарите

Пеце Талески и Васил Зафирчев / Утрински брифинг
Пеце Талески и Васил Зафирчев / Утрински брифинг

Пеце Талевски, од ОХО продукција е главниот продуцент на серијата „Преспав“, а Васил Зафирчев, е еден од клучните актери во серијата. „Преспав“ се емитува 6 сезони и тоа е една исклучително гледана серија и на ТВ и на интернет.

-Феноменално е чувството да се биде дел од олку популарна серија, иако на почетокот не очекувавме дека може да тре толку долго, вели Зафирчев.

Зафирчев вели дека му е многу мило што ликовите се развиваат како и нивните односи и не смета дека згрешил со учеството во овој сит-ком иако е познат како театарски актер.

-Нашето општество е поеманципирано одошто тоа сакаат да го прикажат политичарите, а тоа се гледа по тоа што нема негативни реакции на сензитивни ликови и теми, вели Талески и додава дека „Преспав“ проби многу мразови.

„Кујната на Марио“ е подпроект на „Преспав“ и исто така многу добро поминува кај публиката, вели Талески, а продукцијата подготвува и новогодишна програма на МТВ што е голем залак оти е наменета за публика на сите возрасти.

-Нема поубаво од тоа да работите со луѓе коишто ги сакате и е лесно да се работи така, вели Зафирчев, иако, како што вели ковид-кризата го зафати и „Преспав“ оти се случуваше по некој од актерите да заврши во карантин.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот