ВИДЕО: Шампионот не се предава, Лејкерси не ја искористија првата „меч топка“

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс останаа во игра после петтиот натпревар од полуфиналната плеј-оф серија во Западната конференција откако во Сан Франциско го совладаа Лос Анџелес лејкерс со 121:106.

Стеф Кари беше најфикасен во редовите на актуелниот НБА шампион со 27 поени (3/11 за три), и запиша осум асистенции.

За Лејкерси како прв стрелец се истакна Леброн Џејмс со 25 поени, Ентони Дејвис застана на 23.

За ЛА Лејкерс загрижува повредата на Дејвис кој во текот на натпреварот од Кевон Луни доби удар во главата.

Резултатот во серијата сега е 3:2 во корист на „езерџиите“, а следниот дуел ќе се игра за два дена во Лос Анџелес каде играчите на тренерот Дарвин Хем на немаат пораз сезонава во плеј-офот, односно триумфираа на сите пет мечеви.

НБА плеј-оф, резултати

Њујорк никс – Мајами хит 112:103 (3:2)
Голден Стејт вориорс – Лос Анџелес лејкерс 121:106 (2:3)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот