ВИДЕО | Секуловски од ЗНМ: Неделава ќе организираме дебата помеѓу менаџментот на МРТВ и претставници на медиумските организации

Фото: youtube/printscreen

МРТВ е јавно претпријатие со формална независност што има свој сопствен буџет и свој управувачки орган. Во последните три години има потрошено над 50 милиони евра јавни средства и тоа се навистина многу пари за локален медиумски пазар и затоа МРТВ за ЗНМ е секогаш важна тема. Таму работат околу 900 луѓе, известуваат на најмалку шест јазици, имаат покриеност на целата територија на оваа држава и сите ние ова го плаќаме. Оваа тема во последно време е повторно актуелна, бидејќи имаше информации дека во Собранието ќе се направат одредени измени во регулативата, а со цел да се смени програмскиот Совет, тело што има 13 членови и тие беа избрани на 15.12.2014 со мандат од пет години, што значи дека година и повеќе се надвор од својот мандат, но законот со одредени измени им дозволи да им се продолжи, изјави извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски за „Утрински брифинг“.

– Тие 900 луѓе внатре имаат одреден менаџмент чија централна фигура е директорот кој е избран од програмскиот Совет, но истиот тој изменет закон му го продолжува мандатот од три години не само на директорот, туку и на заменикот директор, што говори дека кога се брза со законите, законодавецот може да направи превид каде ќе има конфликт на одредени членови во законот. Ние се радуваме на мали успеси во МРТВ. Тие успеси значат, бидејќи претставуваат волја дека има некоја иницијатива да се направи нешто подобро со овој сервис. За последните избори, оценката е дека јавниот сервис е пристоен, што значи дека кога се има политичка волја јавниот сервис може да известува, вели Секуловски.

– Финансиската независност е вториот столб со цел јавниот сервис да има условна независност. За оваа година имаме еден проблем. За оваа година е предвидено 11 милиони буџет, што е реален проблем, бидејќи лани беа отворени четири нови канали, имаат потреба од вработување на нови луѓе и во услови кога се кратат финансиите, тоа нема добро да се одрази на јавниот сервис. Оваа недела имаме намера да организираме дебата помеѓу менаџментот на МРТВ и претставници на медиумските организации, со новинари. Сакаме да прашаме околу стратегијата што ја носи програмскиот Совет, но и да прашаме кои се проблемите, зошто буџетот е толку намален, дали ќе направат нешто, што тие мислат за законските измени, вели Секуловски.

Целиот разговор со извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски, погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот