Руски танкер потона кај Малта/Фото: Икс

ВИДЕО | Руски танкер потона меѓу Малта и Либија – Москва го обвинува Киев за нападот

Москва денес ја обвини Украина за напад со поморски дронови на рускиот брод што превезува течен природен гас (LNG) во Средоземното Море, кој конечно потона денес, во зоната меѓу Малта и Либија, објави Ал Баваба.

Танкерот беше под санкции на САД и Велика Британија како дел од таканаречената „флота во сенка“ на Русија.

Според либиските власти, потонатиот брод се наоѓа на 130 наутички милји северно од Сирт.

Либиските пристанишни власти ги предупредуваат сите бродови во близина на местото на потонатиот брод на страв од судир, како и од истекување на течен природен гас, апелирајќи за најголема можна претпазливост поради ризикот од палење или загадување на морето.

Либиската управа за пристаништа и поморски транспорт објави во текот на ноќта дека бродот потонал по „ненадејни експлозии“ од непознато потекло.

Сигнал за помош од „АРКТИК МЕТАГАЗ“ бил примен синоќа, според соопштението. По експлозиите следел огромен пожар што предизвикал потонување на бродот.

30-те членови на екипажот се безбедни и неповредени, се вели во соопштението на руското Министерство за транспорт.

Бродот доаѓал од пристаништето Мурманск, а нападот бил извршен од либискиот брег со поморски дронови што ѝ припаѓаат на Украина, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот