ВИДЕО: Руската полиција уапси истражувачки новинар откако изврши претрес во неговиот стан

Руската полиција го приведе познатиот истражувачки новинар Роман Ањин на распит откако го претресе неговиот стан.

Порталот „Важни Стории“, чиј главен уредник е Ањин, изјави дека причината за потрагата и синоќешното приведување е веројатно текстот од 2016 година, за еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, директорот на државна нафтена компанија Роснефт Игор Сечин.

Ањин има статус на сведок во тужбата поведена за кршење на правото на приватност. Неговата адвокатка, Ана Ставицкаја, денес изјави дека тој одбил да одговори на прашањата и дека потоа бил ослободен, но дека повторно ќе биде испрашуван во понеделник.

Порталот „Важни Стории“ наведува дека Ањин најверојатно бил приведен поради текстот што го напишал за независниот весник Новаја Газета во 2016 година, во кој тој изјавил дека Сечин е сопственик на голема луксузна јахта.

Судот наложи Новаја Газета да го повлече написот, на крајот од граѓанската тужба, додека кривичниот процес поради обвинението сè уште не е завршен.

Роснефт е втора по големина руска државна компанија, а во 2020 година пријави приход од 79,6 милијарди долари. Извозот на нафта е клучен за руската економија, а Сечин е исклучително влијателен како директор на компанијата.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот