ВИДЕО: Русите ја нападнаа фабриката „Антонов“ во Киев

Фабриката Антонов во Киев/Фото Твитер

Две лица загинаа откако руските војници ја погодија административната зграда и фабриката „Антонов“, соопшти градската државна управа на Киев на Телеграм.

Таму се пожарникари, здравствени работници, персонал од други служби.

Според првичните податоци, во гранатирањето загинаа две лица, а евакуирани се околу 70, се наведува во објавата на Телеграм. Како што јавија странски медиуми, утрово околу пет часот, артилериска граната погодила станбен блок о девет ката во квартот Оболонски. Пожар ја зафатил зградата.

Градската управа вели дека „погонот“ за авиони Антонов, а не аеродромот Антонов, е нападнат.

Фабриката за производство на авиони Антонов се наоѓа на аеродромот Свијатошин, на околу 10 километри од центарот на градот Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот