ВИДЕО | Роналдо за неговиот починат син: Плачевме во мојата соба со Кристијано Жуниор

Фото: EPA-EFE/ANTONIO PEDRO SANTOS

Вечерва треба да биде објавен првиот дел од интервјуто на Роналдо кај Пирс Морган, а во претходните денови се објавуваа исечци во кои Роналдо зборува за Тен Хаг, Вејн Руни, Гери Невил и Манчестер Јунајтед. Последниот објавен исечок ни покажува и дека Роналдо зборувал за неговиот починат син.

Минатата сезона во денот кој требаше да биде негова голема радост се претвори во вистинска трагедија. Едно од двете новородени близначиња почина за време на пораѓањето, а Роналдо откри дека најтешкиот момент бил кога дома со Георгина се вратиле со едно место со две бебиња.

„Еден од најтешките моменти беше кога се вративме дома од болницата. Децата почнаа да не прашуваат „каде е другото бебе“. Тогаш не можев да издржам отидов во мојата соба и зедно плачевме ос Кристијано Жуниор. Тој веднаш знаеше, но останатите им беше потребно време бидејќи се помали. После една недела бевме искрени со нив и им ја објаснивме ситуацијата. Им кажавме дека „Анхел“, името кое му го одбравме сега е на небото во рајот“.

„Неговата пепел ја чувам веднаш до пепелта на мојот татко. Понекогаш разговарам со нив и таму го пронаоѓам мирот, така станувам подобра личност“, зборува Роналдо.

Интервјуто со Роналдо кај Пирс Морган ќе се емитува во два дела, вечерва и утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот