ВИДЕО: Реал Мадрид минимално го совлада Хетафе, „кралевите“ ги чуваа силите за реваншот со Сити

фото: EPA-EFE/ZIPI ARAGON

Фудбалерите на Реал Мадрид на домашен терен беа подобри од Хетафе со минимален резултат 1:0 во натпреварот од 34 коло во „Ла Лига“.

Стрелец на единствениот гол за „кралскиот“ клуб го реализираше Марко Асенсио во 70 минута на стадионот „Сантјаго Бернабеу“.

Играчите на Карло Анчелоти се на второто место на табелата во најсилното шпанско првенство со 71 бод, два повеќе и натпревар повеќе од третопласираниот Атлетико Мадрид. Екипата на Хетафе е на 18 позиција со 34 бодови.

Во другите мечеви одиграни во саботата: Реал Сосиедад – Жирона 2:2, Осасуна – Алмерија 3:1 и Виљареал – Атлетик Билбао 5:1.

Реал најверојатно „се откажа“ од битката за титулата во шампионатот, па така сите погледи се насочени кон полуфиналниот реванш дуел во Лигата на шампионите против Манчестер сити на „Етихад“ в среда.

Потсетување дека во првите 90 минути резултатот во главниот град на Шпанија беше 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот