ВИДЕО | Расизмот убива! Протест пред Чешката амбасада – бруталноста кон Ромите е највидливиот начин на функционирање на системскиот расизам во Европа

Граѓанското движење – АВАЈА најавува протест кој ќе се одржи на 3 Јули во сабота пред Амбасадата на Република Чешка – со почеток од 11:00 часот. Протестот се организира поради убиството на младиот Ром, Станислав Томаш од Теплице убиен од страна на полициските службеници. Собирно место на протестот ќе биде ширинката пред основното училиште „Koчо Рацин“ на улица „Мајка Тереза” (Водњанска) по што протестот ќе продолжи пред амбасадата.

Чешките власти предводени од Премиерот, Андреј Бабиш, Претседателот, Милош Земан и Министерот за внатрешни работи, Јан Хамашек не ја осудија полициската бруталност од полициските припадници туку напротив се заблагодарија за нивната реакција и дадоа поддршка на полицијата од Теплице. Ова е последен случај на полициската бруталност со кој Ромите низ Европа се соочуваат. Во полициска бруталност во септември 2020 во Битола беа претепани тројца Роми за кои сѐ уште нема судска разрешница.

Чешките власти се обидуваат да го оправдаат инцидентот како употреба на легитимна сила, тврдејќи дека Станислав Томаш бил под дејство на зависни супстанции. Од видеото што кружи на социјалните мрежи се гледа како полицаецот клечи околу 5 минути на вратот на Станислав, а потоа сфаќа дека повеќе не се помрднува по што повикуваат амбулантно возило.

Полициската бруталност кон Ромите е највидливиот начин на функционирање на системскиот расизам во Европа. Таа се заснова на неограничената сила на полицајците кои гледаат и третираат секое ромско лице како криминалец, велат од Аваја.

Гостин во Утрински брифинг беше Марија Сулејманова од Аваја, а разговорот може да го погледенте во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот