Велија Рамковски / Фото: Фејсбук

ВИДЕО | Рамковски: На Љубе Бошкоски му одбираа најлош цимер во ќелијата

Некогашниот сопственик на телевизијата „А1“, Велија Рамковски, на социјалните мрежи објави видео во кое раскажува како додека беше во затвор, посебно лош бил третманот на властите кон поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, кој одлежуваше дел од казната во исто време со него во „Идризово“.

Рамковски тоа го нарекува „смислен нечовечки однос“ на тогашните власти.

„Го ставаа со цимер, во собата двајца, и тоа мислам дека ги одбираа најгадните, со најгаден карактер, да му биде на Љубе од тешко-потешко. Кога ќе бидеш казнет, ќе те осудат на самица. Тоа значи сам, да не комуницираш. Ама, полошо од сам е лош човек во собата 24 часа. Мислам дека кон мене тоа не се случуваше, поштено е да признаам. Затоа викам: Љубе беше во многу полош третман од власта од мене“, вели Рамковски.

Откако поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, предводена од експремиерот Никола Груевски, ја затвори телевизијата „А1“, која критички ја опсервираше работата на власта, Рамковски беше осуден за перење пари, злосторничко здружување, затајување данок и злоупотреба на службената положба, на 13 години затвор. Тој одлежа речиси седум години од казната, пред да биде ослободен во 2017 година.

Љубе Бошкоски, пак, беше осуден за нелегално финансирање на изборна кампања, откако беше уапсен со специјалци пред ресторанот „Воденица“ на 6 јуни 2011 година. Тој доби пет години затвор, кои ги одлежа во „Идризово“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот