ВИДЕО: Ракометарките на Куманово по третпат го освоија Купот на Македонија

фото: ЖРК Куманово

Ракометниот клуб Куманово триумфираше во финалето од женскиот Куп на Македонија откако со 32:31 го совлада ЖРК Вардар.

Во салата „Билјанини извори“ во Охрид после првото полувреме ЖРК Куманово имаше позитива од „плус три“ (15:12).

Ова е трета куп титула за Куманово во својата клупска историја, претходно го освои натпреварувањето во 2019 и 2021 година.

Прв стрелец во победничките редови беше Алмеида со 11 голови, а на спротивната страна еден помалку имаше Стефаноска.

За најкорисен играч (МВП) на турнирот беше прогласена ракометарката на Куманово, Андреза Алмеида. Бразилката е и најдобар стрелец, а признанието за најдобар голман го доби Андреа Илиќ од екипата на Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот