ВИДЕО: Рафа ја забележа 1000 победа во кариерата!

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Рафаел Надал, еден од најдобрите тенисери на сите времиња, вечерва на АТП турнирот во Париз дојде до 1000 победа во неговата кариера.

Шпанецот во рамките од второто коло успеа да го совлада својот сонародник Фелисијано Лопес со резултат 2:1 во сетови 4:6, 7:6 (5) и 6:4 за два и пол часа игра.

Рафа е само четвртиот тенисер кој успеа да дојде до ваков јубилеј, 1000 победи, претходно тоа им успеа уште на Џими Конорс, Рожер Федерер и Иван Лендл.

Моментно најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ има 932 победи.

На турнирот во францускиот главен град Надал во осминафиналето ќе игра против Џордан Томпсон, Австралиецот двапати со 6:2 го елиминираше Србинот Миомир Кецмановиќ.

АТП турнир Париз 2020

Осминафинале, двојки:

Надал-Томпсон
Карењо Буста-Гомбос
Зверев-Манарино
Вавринка/Пол-Рубљов
Шварцман-Давидович Фокина
Де Минаур-Медведев
Гирон-Раониќ
Чилиќ-Ембер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот