ВИДЕО: Пропалестински протести во Париз, се собраа повеќе од 15.000 луѓе
Илјадници луѓе кои вееја палестински знамиња и извикувајќи „Газа, Париз е со тебе“ се собраа денеска на првите пропалестински протести дозволени од полицијата во француската престолнина, откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.
Препорачано
Околу 15.000 луѓе излегоа на Плоштадот на Републиката, според полициските податоци, за да изразат солидарност со Палестинците и да повикаат на прекин на огнот, бидејќи бројот на загинатите од израелските напади врз Газа се искачи на повеќе од 4.700.
Полицијата соопшти дека протестот е одобрен, за разлика од другите, бидејќи организаторите ги осудија нападите врз Израел во кои загинаа 1.400 луѓе.
Протестот во Париз беше организиран од Националниот колектив за одржлив и праведен мир меѓу Палестинците и Израелците, составен од повеќе од 40 организации, меѓу кои и левичарската партија „Франција неосвоена“, синдикатот CGT и организацијата Франко-палестинска солидарност.
Сличен протест се одржа и во Брисел, а според проценките на полицијата, на него учествувале околу 12 илјади луѓе.
На мировниот самит во Каиро вчера, француската министерка за надворешни работи Катрин Колона изјави дека Израел има право на самоодбрана според меѓународното право и дека е потребен хуманитарен коридор во Газа.


