ВИДЕО | Пронајдена опасна желка која може да прегризе коска и човечки прст, изгледа морничаво

Фото: Профимедиа

Во северозападна Англија, пронајдена е опасна желка со вилици доволно силни за да прегризат коска. Алигаторските желки потекнуваат од реките и мочуриштата на Флорида, а се препознаваат по својот оклоп којшто им дава изглед сличен на диносаурус.

Откако животното повеќепати било забележано, слатководниот рептил го фатила Дениз Чембрлен, која ја ставила желката во корпа за пазарење и ја однела кај ветеринар. Ветеринарот Дом Муле изјавил за „Скај њус“ дека бил „навистина изненаден“ кога госпоѓата ја донела желката.

 

– Ни најмалку не очекував дека тоа ќе биде алигаторска желка – рекол тој.

Ветеринарот додал дека животното најверојатно го фрлил сопственик кој не знаел колку ќе биде тешко да се грижи за егзотичниот домашен миленик.


Персоналот на ветеринарот не може да каже кој пол е желката во моментов, бидејќи е релативно мала, но тоа не ги спречило да ѝ дадат име.

– Желката колоквијално ја нарековме Флафи. Изгледа прилично слатко на некој чуден начин, па одлучивме да ѝ дадеме слатко име – објаснил ветеринарот.

Иако имало луѓе кои се нуделе да ја земат Флафи, сепак одлучиле рептилот да биде преместен во специјализиран центар за диви животни во Корнвол.

Алигаторските желки се инвазивен вид кој „лесно“ може да прегризе коска и човечки прст, се наведува во енциклопедија Британика.

Алигаторските желки се ловци кои обично се хранат со риби, жаби, мали цицачи, па дури и со други желки. Тие можат да пораснат до 100 см и тежат до 90 кг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот