ВИДЕО | Проф. д-р Вело Марковски плови во музичките води: „Битолчанки горди Македонки“ станува вистински хит

вело марковски
Вело Марковски / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Познатиот специјалист по инфектологија, проф. д-р Вело Марковски и неговата сопруга Евгенија Николовска – Марковска неодамна гостуваа во емисијата „Бекстејџ“ каде зборуваа за нивната љубов пропратена со бројните предрасуди од нашето општество.

Нивното ексклузивно интервју, се чини дека го реактуелизираше обидот на 64-годишниот проф. д-р Вело да заплови и во музичките води. На неговиот јутјуб-канал пред помалку од една година се појавија три препработки на стари македонски песни.

ВИДЕО | Вело Марковски и младата сопруга: И покрај предрасудите, ние успеавме

Имено, со помош на аранжманот на Љупчо Соколовски – Бубе, тој ги отпеа песните „Битолчанки горди Македонки“, „Темен се облак зададе“ и „Налеј, налеј“.

Иако има помалку од 1.000 следбеници на неговиот јутјуб-канал, познатиот инфектолог со секојнареден ден има се повеќе прегледи на песните.

Најголемо внимание привлече со песната „Битолчанки горди Македонки“ во чиј видео-спот се вметнати фотографии од неговата сопруга Евгенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот