Срна во Националниот парк „Пелистер“ / Фото: Facebook / Nacionalen Park Pelister

ВИДЕО | Прекрасна глетка — срна прошета низ националниот парк „Пелистер“

Прекрасна глетка беше забележана во Националниот парк „Пелистер“ – срна е снимена како мирно се движи низ висока трева.

Од Националниот парк објавија видео во кое може да видиме како храбрата срна не се уплашила и не избегала од луѓето кои ја изненадиле среде шумата.

– Најверојатно во близина се нејзините мали срнчиња и затоа покажува храброст и не отстапува. Самото нејзино напуштање на местото е во насока да ја следиш неа за да не дојдиш до малите. Колку е голема храброста на една мајка? – пишува во објавата на официјалниот фејсбук-профил на Националниот парк.

Националниот парк „Пелистер“ е познат по својата недопрена природа, моликата и разновидниот животински свет и тој е една од најубавите природни знаменитости во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот