Скриншот од настапот на Вучиќ

ВИДЕО | Пред полна сала, Вучиќ натера жена да му открие на болно дете дека не му е биолошка мајка

Српскиот претседател Александар Вучиќ го посети градот Бор, каде се случи контроверзна сцена. По инсистирање на претседателот, една жена јавно откри пред своето болно дете и присутните дека не му е биолошка мајка, објавија српските медиуми.

Инцидентот започнал кога Гордана Кариќ, корисничка на социјална помош, побарала збор за да укаже на административните проблеми со кои се соочува. Таа објаснила дека веќе девет месеци не прима никаква помош за болното дете, кое има сериозни срцеви проблеми и повеќе операции.

Наместо директен одговор за застојот во исплатите, Вучиќ изјавил дека институциите имаат процедури и дека Центарот за социјална работа ја проверува имотната состојба на корисниците, сугерирајќи дека можеби постојат законски причини за доцнењето.

Жената, видно вознемирена, рекла дека нема имот освен куќата во која живеат и предупредила дека не може да зборува за сите детали пред детето, бидејќи тоа не ја знае вистината.

Сепак, според извештаите, Вучиќ инсистирал да ги изнесе сите информации за да може, како што рекол, „проблемот веднаш да се реши“. Под притисок, жената низ солзи открила дека детето всушност не е нејзино, туку дека таа е негова стрина која се грижи за него веќе 13 години, откако неговата мајка починала.

Како што пренесува Нова.рс, за контроверзниот случај веднаш се појавија повеќе реакции, меѓу кои и студентите од Нови Сад. Тие реагираа со зборовите: „Живееме пекол“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот