Фото. Screenshot

ВИДЕО | Пред 26 години го видовме еден од најдобрите потези во историјата на ЛШ: Тоа беше потег на инспирација

Во далечната 2000 година, во рамки на реваншот од Лигата на шампиони меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, фудбалската публика беше сведок на еден од најубавите дриблинзи и потези во историјата на најелитното клупско натпреварување.

Во центарот на вниманието беше аргентинскиот маестро Фернандо Редондо. Фудбалерот на Реал ја прими топката по левата страна и на прв поглед делуваше дека ќе ја задржи играта покрај аут-линијата, но потоа следеше магија, со потег со пета помина покрај Берг и веднаш асистираше до Раул Гонзалес за погодок за 3-0.

„Кралскиот клуб“ подоцна, предводен д одличната игра на Редондо и Раул, обезбеди пласман во полуфиналето, а потоа преку Баерн и Валенсија стигна и до европската титула.

„Добро се сеќавам дека акцијата почна на нашата половина. Манчестер вршеше притисок, ја примив топката од Карлос и ја додадов до Савио, кој потоа ја префрли преку Гери Невил. Потоа тргнав по левото крило и се најдов во ситуација еден на еден. Тоа беше момент на инспирација. Никогаш претходно не сум го направил тоа во професионалната кариера, но како јуниор, да. Кога поминав, ја кренав главата и го видов Раул“, се присети Аргентинецот.

Ќе потсетиме, Реал Мадрид тогаш славеше со 3-2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот