ВИДЕО | Познато куче во Кина било украдено и послужено во ресторан
Случај во централна Кина предизвика силни реакции во јавноста, откако познато куче со милиони следбеници на социјалните мрежи било украдено, продадено за околу 25 американски долари и потоа убиено и послужено во ресторан. Сопственикот сега се обидува да побара правна правда, но се соочува со ограничувања во кинескиот правен систем за заштита на миленици, пренсува „Саут Чајна Морнин Пост“.
Препорачано
Chutou, a celebrity Border Collie in China, was stolen, sold for 180 yuan (US$25), and slaughtered at a dog meat restaurant.
中国で人気者だったボーダーコリーの「楚頭(チュートウ)」が盗まれ、180元(約4250円)で売却された後、犬肉料理店で屠殺された。
Source: @SCMPNews pic.twitter.com/2EAVsDILlj
— Feline Guardians without borders Japan (@FGuardiansJapan) June 6, 2026
Кучето Чутуо, осумгодишен бордер коли, било познато како придружник на патнички инфлуенсер од покраината Хенан. Животното стекнало повеќе од 1,5 милиони следбеници на социјалните мрежи, откако со години патувало низ Кина – од снежни планини до пустини.
Сопственикот го купил кучето во 2018 година за повеќе од 2.000 јуани (околу 300 американски долари), кога било старо само три месеци.
Кражба, продажба и правна битка
Во мај годинава, кучето исчезнало од семејниот имот, а надзорни камери покажале две лица како го носат со електричен мотор. Подоцна сопственикот дознал дека животното било продадено во ресторан за месо за околу 180 јуани (27 долари) и убиено.
Тој понудил награда од 10.000 јуани за враќање на кучето, но без успех. Осомничениот тврдел дека мислел оти станува збор за скитник, но сопственикот навел дека кучето имало огрлица и тракер.
Случајот е пријавен во полиција, а според адвокати, кривична постапка може да се покрене само ако вредноста на украденото животно го надминува законскиот праг.
Јавна реакција и дебата за законите
Случајот предизвика гнев на социјалните мрежи и повторно ја отвори дебатата за статусот на милениците и трговијата со кучешко месо во Кина. Иако нема национална забрана за консумација на кучешко месо, кучињата од 2020 година се отстранети од листата на добиток. Во некои градови практиката е забранета, но во други делови од земјата сè уште постои.
Случајот повторно ја истакна правната празнина во третманот на милениците, кои во Кина најчесто се третираат како имот, а не како посебно заштитени животни.


