ВИДЕО | Позната водителка „умре од смеа“ читајќи ги вестите во живо

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Познатата германска водителка на каналот „АРД“, Сузане Даубнер (62), која ги пренесува вестите веќе 24 години, среде програма во живо доживеала силен напад на смеа, пренесува „Билд“ (Bild.de).

Смешната ситуација се случила во средата наутро во утринската програма на „АРД“, кога водителката едвај можела да изговори целосна реченица.

Колегите на Сузанe со насмевка ја најавиле од друго студио, а таа требала да ја прочита веста за самитот на германската канцеларка Шолц, но воопшто не можела да се воздржи од интензивниот напад на смеење.

Симпатичното смеење траело цела минута, а судејќи по редакциите, таа успеала да развесели многу корисници на социјалните мрежи.

Подоцна Сузане се обидела да објасни што се случило, велејќи дека причина за смеењето била колешката која, откако зборувала за правилата на рагбито.
Сепак, таа истакнала дека многу гледачи ја контактирале за да ѝ се заблагодарат што „им го разубавила денот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот