ВИДЕО: Пожар на планината Жеден во близина на Рашче, Ангелов вели изворот не е загрозен

фото: Слободен печат, пожар на планината Жеден

На планината Жеден над изворот Рашче, на непристапен терен вечерва избувна пожар. Огнот се гледа од Скопје, но директорот на Центарот за управување со кризи  Стојанче Ангелов во изјава за Слободен печат смирува дека опожарените места не се големи и оти очекува ноќеска самите да се изгаснат поради ниските температури и влагата. Ако и утре изутрина пожарот е активен ќе мора да интервенира хиликоптер поради непристапниот терен, вели Ангелов.

Горат грмушки и трева, а високи стебла не се зафатени. Директорот на ЦУК вели дека изворот Рашче не е загрозен. Ангелов претпоставува дека намерно се запалени ниските и трнливи грмушки, за да ги чистат пасиштата за овците. Во близина на опожарените пасишта нема објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот