ВИДЕО+ФОТО: Гори Шара, огнот се приближува кон куќи и штали

фото: Националниот парк Шар Планина- Два активни пожари на Шара

Два пожари се активни на Шар Планина. Едниот над Ново Село, другиот меѓу селата Бозовце и Вешала. На терен изминативе два дена огнот го гасат ренџерите на Националниот парк Шар Планина, но пламените јазици тешко се ставаат под контрола, поради неповолните временски услови. Од установата апелираат на внимателност.

“Во изминатите 24 часа се справуваме со 2 пожари од кои вториот е помеѓу селата Бозовце и Вешала кој сеуште не е ставен под контрола поради силниот ветер и сувата вегетација. Во следните 7 дена, апелираме до сите граѓани на зголемена будност и мобилност заради неповолните временски услови и се надеваме дека овој апел ќе го преземат што повеќе медиуми за поширока информираност на јавноста. Со цел да се спречат несакани последици, потсетуваме дека на територија на Национален Парк Шар Планина е забрането да се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. Истовремено, доколку забележите пожар, може да пријавите на тел. 112 во Центарот за управување со кризи”, истакнаа од Националниот парк Шар планина.

Според сликите и видеата кои ни ги пратија од Националниот парк Шар Планина, огнот е во повисоките предели на Шара, а горат ливади и нискостеблеста шума, но пожарот се приближува кон домови и штали како и густа шума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот