Сенаторот Жоел Герио и жртвата Сандрин Жосо/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Поранешен француски сенатор осуден на четири години затвор, ја дрогирал колешката со намера да ја силува

Жоел Герио, поранешен сенатор во Франција, беше прогласен за виновен за дрогирање на пратеничката Сандрин Жосо без нејзино знаење со цел сексуално да ја нападне, пренесува Гардијан.

68-годишниот Герио беше осуден во вторник на четири години затвор, со минимум 18 месеци да ги отслужи зад решетки.

Судењето на Герио, кое доби голем публицитет, доаѓа неколку месеци по шокантниот случај на Доминик Пелико, кој беше осуден на 20 години затвор за дрогирање на својата сопруга и дозволување на десетици странци да ја силуваат во нивниот дом во текот на една деценија.

Веднаш по објавувањето на пресудата на Герио, Сандрин Жосо изјави дека чувствува „огромно олеснување“. Адвокатот на Герио изјави дека ќе поднесе жалба на одлуката.

Француските обвинители побараа четиригодишна затворска казна за поранешниот сенатор, кој тврди дека „ случајно“ ја дрогирал својата долгогодишна девојка во ноември 2023 година , нарекувајќи се „идиот“. Герио, кој негира каква било сексуална мотивација кон Жосо, поднесе оставка од Сенатот минатиот октомври. Веднаш по неговата оставка, тој беше исклучен од централно-десничарската партија Хоризонти на која припаѓаше.

Минатиот понеделник, видливо вознемирената 50-годишна Жосо опиша пред парискиот суд како се плашела за својот живот за време на посетата на домот на Герио во 6-тиот арондисман на денот на нападот.

Поточно, Жосо рекла дека отишла да го види Герио „за да го прослави неговиот реизбор“. Сепак, како што одминувала вечерта, таа почнала да сфаќа дека тој е во заканувачко расположение.

Пратеничката, која била единствената гостинка на Герио таа вечер, ја опишала својата загриженост кога забележала дека шампањот што ѝ го понудил сенаторот имал чуден, сладок и леплив вкус .

„Мислев дека можеби е лош шампањ. Но, потоа тој инсистирал повторно да се напие. Ми беше чудно“, изјави таа пред судот.

За кратко време, пратеничката почнала да чувствува мачнина и забрзан пулс, па брзо го напуштила станот на Герио за да оди во болница. Токсиколошките тестови покажале дека во нејзината крв имало голема количина екстази, дрога која била пронајдена и во станот на Герио.

Адвокатот на Жосо нагласил на суд дека неговата клиентка многу страдала по инцидентот. Таа морала да земе шест месеци отсуство од работа за да се подложи на третмани за психолошките и физичките проблеми предизвикани од инцидентот.

Жизел Пелико се враќа на суд – еден од силувачите поднесе жалба на пресудата

Герио, од своја страна, тврдел дека го додал екстази прашокот во чаша претходниот ден, за да се справи со напад на паника, но на крајот решил да не го користи и ја вратил чашата во плакарот. Според него, следната вечер случајно ѝ ја понудил чашата на својата девојка.

„Накратко, јас сум идиот“, заклучил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот