ВИДЕО | Поплавени улици и куќи во преспанското село Љубојно – мештаните предупредуваат на опасноста од сечата на шумите
Жителите на преспанското село Љубојно веќе десетина дена протестираат и алармираат да престане сечењето дрвја на Планината Бистра над селото, алармирајќи дека поради сечата, по обилен дожд селото ќе биде поплавено, а тоа вчера и се случи. Во попладневните часови големо невреме го зафати Преспанскиот регион по што неколку куќи и дворови во Љубојно беа поплавени.
Препорачано
Мештаните раскажуваат дека 40 минути обилно врнел дожд, од кои 20 минути големи зрна град. Од невремето бил раскопан и земјениот пат што претходно бил оштетен од камионите кои пренесувале сечени дрва од шумата.
Од Владата, пак, претходно објаснија дека станува збор за регуларна сеча на нискостеблен даб во одделите 29 и 30 на шумско-стопанската единица „Пелистер – Брајчино“.
„Дабот има сечна зрелост согласно сите научни принципи. Оваа сеча е само една од стотиците во Македонија, спроведена по закон и со целосна контрола. Направен е премер од стручни лица, изготвен е план рецензиран од комисија, кој е одобрен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, велат од Владата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
45мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


