ВИДЕО | Полковник Стојановски: Историски Самит на НАТО во Мадрид, во моментов се водат четири војни

Полковник Велин Стојановски / Утрински брифинг

Самитот во Мадрид е историски, бидејќи во моментов се водат четири војни. Првите две се тивки војни. Тоа е трговско-еконмската или финансиската војна каде главни играчи се Кина и САД. Втората тивка војна е политичката војна која се води помеѓу влијанието на САД и Русија. Третата е оваа варварска војна – ова што се случува во Украина и четвртата е бруталната информациска војна, изјави за Утрински брифинг полковникот Велин Стојановски.

На Самитот во Мадрид, лидерите, шефовите на дрќави, премиерите, ќе ја согледаат геополитичката и безбедносна состојба на глобално рамниште, а после тоа ќе дадат смерници за наредните десетина години како НАТО ќе се справува со тие геополитички и безбедносни предизвици или закани, додава Стојановски.

Во 2010-та година, во тој стратегиски концепт на НАТО, на Русија и е понудено да заземе едно важно место во односите со НАТО. Знаете дека од 1997 година се воспоставени односите меѓу Русија и НАТО. Во 2008-та после настаните во Грузија, односите малку стивнаа, но во 2010-та на Русија повторно и е понудено да заземе едно важно место во градењето на безбедносните стратегии, вели Стојановски.

После ситуација во Крим, Русија се одвои од тие зацртани цели и сега со новиот стратегиски концепт, Русија ќе се третира како закана број 1, додава тој.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот