ВИДЕО: Погребна поворка носеше советник од Задар во мртовечки сандак, „воскресна“ пред седница

Перформанс на советникот Ричард од Задар ги шокираше присутните/Фото: Скришот

Советникот во градското собрание на Задар Енио Мештровиќ, познат како Ричард, денеска на седница дојде во мртовечки ковчег.

Тој изведе перформанс во кој погребна поворка го донесе до градската управа, а кога стигна таму едноставно „воскресна“. Неговиот перформанс беше одговор на некрологот кој неодамна на Фејсбук го објави претседателот на градскиот одбор на СДП во Задар Даниел Радета.

Пред градскиот совет утрово е организиран протест на противниците на мерките, кои на советниците и на новинарите не им дозволуваа влез во зградата, а ги поддржа и советничката Марјана Ботиќ, инаку противничка на ковид потврдите. Тие формираа човечки синџир.

-Ако претприемачите не можат да работат, ако мора да се придружуваат кон залудните мерки, тогаш тоа не е добро за овој град. Овие луѓе овде, слободните луѓе на Задар, дојдоа да им кажат на сите во градската управа да не се придржуваат кон бесмислените мерки“, зборуваше Ботиќ.

Градската управа на Задар треба да го разгледува буџетот на градот за идната година тешка 787 милиони куни, кој е речиси за 80 милиони куни повисок отколку оној за годинава, а дури 200 милиони отпаѓаат на градежни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот