ВИДЕО | По кратка болест почина основачот на една од најпопуларните светски групи „UB40“

Групата „UB40“, именувана по формуларот што го предвиде британската влада во раните осумдесетти за невработените, стекна слава од почетокот на својата кариера со својот уникатен спој на реге и поп. Името на групата основана во Бирмингем во 1978 година се однесува на британскиот образец за невработеност (Unemployment Benefits, Form 40).

Меѓу најголемите хитови на бендот се сингловите „Red Red Wine“, „Rat in Me Kitchen“, „Sing Pur Own Song“ и „Can’t Help Falling In Love“ или нивната визија за песната на „Kingstown Town“.

Теренс Вилсон, познат под уметничкото име Астро, настапуваше со „UB40“ до 2013 година, кога формираше нов бенд.

„Ние сме уништени од загубата на нашиот драг Астро, која почина по кратко боледување. Светот веќе нема да биде ист без него“, напиша на Твитер неговата сегашна група наречена „UB40 featuring Ali Campbell & Astro.“.


Во својата кариера, бендот само во Велика Британија имаше 36 синглови, кои беа меѓу првите 40 на британската листа, а гледајќи наназад за нивниот успех со поранешниот бенд, Астро во мај во интервјуто за „Гардијан“ изјавил дека станале „гласот на работничката класа“, пеејќи за политичките и општествените проблеми што го потресуваат светот од почетокот на осмата деценија на 20 век.

– Ни беше многу потешко да пишуваме љубовни стихови отколку ангажирани, бидејќи нам ни беше природно да пишуваме за работи на кои сме биле сведоци и кои се случувале пред нашите очи – изјави музичарот за британскиот дневен весник.

Обработката на песната на Нил Дајмонд, „Red Red Wine“, го исфрли „UB40“ на врвот на популарноста со повеќе од 100 милиони продадени плочи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот