ВИДЕО | По 17 години пауза, Јован Јованов се враќа на сцената со песната „Не ти стои“
По пауза од цели 17 години, Јован Јованов повторно се враќа со соло издание. Новата песна насловена „Не ти стои“ е негов прв самостоен сингл по долг период и воедно најава за големиот концерт што ќе се одржи во Скопје.
Препорачано
„Не ти стои“ доаѓа по неговото постепено враќање на музичката сцена. Јованов најпрво ја освежи култната „Магија“ со ремикс во соработка со Пајак, а потоа го објави и дуетот „Адреналин“, кој го изведе заедно со Елвир Мекиќ. Со новата песна, тој повторно стапува во прв план како соло артист.
Синглот е целосно авторско дело на Јованов – тој стои зад музиката, текстот и аранжманот, што ѝ дава дополнителна лична нота на песната.
„Среќен сум што после толку години направив песна која се надевам ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време“, изјави тој.
Во меѓувреме, пејачот е целосно фокусиран на подготовките за големиот концерт што заедно со Елвир Мекиќ ќе го одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
27мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


