ВИДЕО | Пировска: Пандемијата покажа дека постои голема нееднаквост меѓу луѓето

Уранија Приовска, директор на Хелсиншки комитет
Уранија Приовска, директор на Хелсиншки комитет / Утрински брифинг

Во 1948 година е усвоена Декларација на ОН за човековите права и оттогаш денес е Меѓународен ден на човековите права. Годинава денот се одбележува под мотото „Сите луѓе – сите еднакви“.

-Ова мото е сосема соодветно оти нееднаквста многу се покаѓа во оваа ситуација на пандемија на коронавирус, а еднаквоста е основа за човековото право. Пандемијата покажа дека се ранливи жените, лицата со попречености, Ромите… не можеа да ги добиваат сервисите што им беа потребни оти сѐ беше ставено во служба на пандемијата, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

Таа коментира дека жените се сметаат за ранлива категорија оти се помалку платени на работните места, но и за некои жени домовите не се безбедни места, таму се изложени на семејно насилство, а поради пандемијата мораа да останат дома.

-Куриозитет е што сега повторно на агендата ни се права кои на времето ги освоиле нашите баби. Ако се сеќавате, неодамна во времето на Груевски повторно се боревме за правото за контрола на бременоста, вели Пировска.

Пировска додава дека за време на пандемијата имало помал број пријавено семејно насилство, но тоа се должи на фактот што приоритет беше да се преживее болеста.

Член 12 од Конвенцијата на ОН ја штити приватноста, но со општата распространетост на говор на омраза на социјалните мрежи приватноста се загрозува. Народниот правобранител приватниот и семејниот живот го зема како приоритет во следнава година.

-Нема човеково право кое поприоритетно од друго човеково право. Сите права се еднакво битни, оттука и правото на приватност. Пред три години дадовме предлог да се основа државна награда „Мето Јовановски“, која годинава ја добија Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски кои ризикувајќи ја својата безбедност ги изнесоа во јавност прислушуваните разговори. Тие покажаа што значи да се ризикува сопствениот живот за некој повисок интерес и тоа го прават вистинските борци за човекови права, вели Пировска.

Голема помпа се крена за членството на Пировска во Комисијата за помилување на претседателот.

-И во мандатот на Ивановски во оваа Комисија имаше член од Хелсиншкиот комитет. А сегашниот претседател Пендаровски исто така има Комисија од 15 члена од кои тројца се од граѓанскиот сектор, појаснува таа.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот