ВИДЕО | Петровска и советниците од „Зелен хуман град“ најавија три приоритети за зелено и хумано Скопје

Граѓанска иницијатива „Зелен хуман град“
Граѓанска иницијатива „Зелен хуман град“ / Фото: Фејсбук, Ана Петровска

Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Скопје од „Зелен хуман град” соопшти дека како градоначалник на главниот град ќе почне со три процеси – решение за цврстиот отпад, нов Генерален урбанистички план за ред во урбанистичкото планирање и , како што вели, отворање нови зелени работни места.

– Прво, решавање на цврстиот отпад – за три месеци решавање на подигањето на комуналниот отпад, за шест месеци селектирање и компостирање на органскиот отпад, за да се намали обемот и испуштањето метан на депониите, за девет месеци чистење на депониите, обезбедена техничка документација за Вардариште, формализирање на неформалните собирачи и нивно санкционирање за палењето гуми, кабли и мебел, наведува Петровска.

Втор процес, како што вели, е носење нов ГУП за да се воведе ред во урбанистичкото планирање и да добиеме хумани соседства со многу зеленило и одржлив транспорт, а трет приоритет доколку биде избрана за градоначалник на Скопје и е отворање нови зелени работни места.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот