ВИДЕО: Павлов освои бронзен медал на Премиер лигата во Истанбул

фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Нов голем резултат на Емил Павлов кој го освои третото место на Премиер лигата во Истанбул (Турција) во категоријата до 60 килограми.

Во борбата за бронзата македонскиот каратист со резултат 4:1 успеа да го совлада претставникот од Казахстан, Каизар Алписбаир.

Претходно триумфираше над Аминга Гулијев (Азербејџан) 3:0, Аеф Гаит (Јордан) 3:2 и Матијас Гомез (Шпанија) 8:3, а во полуфиналето загуби од Фирдовси Ферзалеив (Азербејџан) 2:5.

Во Истанбул учествуваа 618 каратисти од 69 држави и 290 клубови, меѓу нив и вкупно 18 каратисти од нашата земја.

Победата на Павлов во „малото финале“ можете да ја погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот