ВИДЕО | Павиќевиќ: Државниот просветен инспекторат да утврди одговорност онаму каде што се наплаќа за сведителства

Лука Павиќевиќ - нов претседател на средношколскиот Сојуз

Проблемот со сведителствата се провлекува повеќе години. И лани излеговме со реакција. Многу често се јавуват истите училишта, но имаме прогрес и напредок бидејќи бројот на уилишта се намали. Конкретно, тетовската гимназија оваа година немаме информации дека се барале пари за свидетелства, но средното економско, медицинско во Тетово, како и скопската „Зефљуш Марки“ и прилепската „Мирче Ацев“ се наплаќало, изјави во Утрински брифинг претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ.

– Сето ова е спротивно на став 2 челн 3 од Законот за средно образование и бидејќи ваквите такси ги нема во Законот, секое училиште сои ги одредува произволно. Лани Народниот правобранител излезе со реакција и мислње по одонос на ова прашање, а оваа година имамве и јасен одговор од МОН. Јасно е кажано дека ова е спротивно на Законот за основно, Законот за средно и Уставот и рекоа дека Државниот просветен инспекторат ќе постапат по овие случувања. Во саботата кога излеговме со медиумското соопштение истото го го испративме и до Државниот просветен инспекторат. Уште немаме добиено одговор, но очекуваме сите училишта за кои имаме сознанија да бидат испитани од Државниот просветен инспекторат. Некои од директорите велат дека не знаее за ваквите такси, дека наставниците го правеле тоа индивидуално, но ниту наставниците, ниту учениците треба овие трошоци да ги даваат од сопствен џеб, па затоа очекуваме државниот инспекторат да го реши овој проблем, изјави Павичевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот