ВИДЕО: Палестинец жив гори пред очите на ќерките, во Газа загинаа над 33 000 луѓе
Продолжува ужасот во Газа. На социјалните мрежи се појави видеo снимка над која пишува дека девојчињата го гледаат својот татко додека гори, откако неговата куќа беше бомбардирана од ИДФ.
Препорачано
⚡️#Gaza : Little children watch their father burn pic.twitter.com/cIxvaGNJR0
— Middle East Observer (@ME_Observer_) April 7, 2024
Инаку министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека од почетокот на војната на 7 октомври во израелските бомбардирања во Појасот Газа загинале 33.175 Палестинци, а 75.886 се ранети.
„Само во изминатите 24 часа загинале 38 Палестинци, а 71 е ранет“, се наведува во соопштението на министерството.
На видео снимки се објавува и пустошот кое зад себе го оставиле израелските сили кои одлучија на денот кога се одбележуваат шест месеци од почетокот на израелската војна со Хамас, да ги повлече своите сили од градот Кан Јунис, најголемата населба во јужниот дел на Појасот Газа.
Israeli forces have left southern parts of Gaza after 6 months of killing, looting and starving Palestinians! pic.twitter.com/HO29sRZnFV
— Ashok Swain (@ProfAshokSwain) April 7, 2024
Градот се смета за важно упориште на палестинската екстремистичка организација Хамас, која ги предводеше напади врз Израел на 7 октомври.


