ВИДЕО | Падна од бина и силно ја удри главата: Шемса Суљаковиќ се огласи по незгодата

Познатата пејачка Шемса Суљаковиќ доживеала незгодата на настап кога паднала од бина и си ја удрила главата.
Публиката во швајцарскиот град Шлирен, во клубот „Хенодик“, која вчеравечер ја забавуваше легендарното дуо Шемса Суљаковиќ и Кемал Маловчиќ, беше сведок на немил настан.
Пејачката на еден од своите концерти направила одлична атмосфера. Публиката пеела со неа во глас, а токму тоа ја понело Шемса, па започнала да им е приближува и да се весели со нив при што во еден момент изгубила тло под нозе.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи се појави видео од незгодата на кое се гледа како пејачката паѓа од бина и удира со главата во неа.
„Сцената е мала, а се граничи со минијатурна, декоративна ограда. Не обрнав внимание. Всушност, не ја ни видов. Додека пеев, за да бидам поблиску до посетителите се закачив за ограда. Плашејќи се да не паднам со лице, скокнав и се најдов на задникот, а потоа се превртив во шега, се исмејував на своја сметка пред публиката и продолжив со пеењето по првиот пад во целата моја кариера. Ете, се приклучив и јас на групата пејачи „падавичари“. Не е тоа некоја висина, „слетувањето“ беше безболно – изјави пејачката за босанските портали.
пазите тета шемсо pic.twitter.com/OOs04kXvmL
— Лепи Вијесић (@vesic_v) February 5, 2023
„Сега само чувствувам болка во рамото и задниот крај на ‘рбетот. Ставав мраз. Утре патувам за Шведска, од каде што дојдов во Швајцарија. Се ќе биде во ред, со Божја помош. Ви благодарам за грижата, а исто така и на оние кои набрзина ставија сè на социјалните мрежи. Нека се здрави и среќни како што беа кога настапував. Тие се одлична публика и навистина ме сакаат“ – изјави Шемса која и покрај несреќата се чувстува добро.