Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

ВИДЕО | Новиот македонски репрезентативец, Дени Мусовски, постигна гол за Сиетл саундерс

Фудбалерите на Сиетл саундерс триумфираа и во реваншот од осминафиналето на шампионскиот куп на КОНКАКАФ дома против Ванкувер вајткепс со 2:1.

Сиетл саундерс беше подобар од противникот во првиот дуел со резултат 3:0, и со вкупни 5:1 во двомечот се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.

Гостите поведоа во 24. минута со голот на Бадвал откако му асистираше Вајт, а домашниот тим направи пресврт во вториот дел, а истиот го најави новиот македонски репрезентативец Дени Мусовски во 79. минута. Нашиот 30-годишен напаѓач влезе во 66. минута како замена за Де Розарио.

Вториот гол беше дело на Ротрок во 83. минута, а Кингстон ја забележа и втората асистенција.

Потсетување, Мусовски за прв пат е повикан во македонската А репрезентација, и е во составот на играчи што го објави новиот селектор Гоце Седлоски за претстојниот бараж-натпревар против Данска во Копенхаген на 26 март за пласман на Светското првенство 2026.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот