ВИДЕО | Новинарка ја праша Џенифер Лопез за разводот со Бен Афлек: Реакцијата на пејачката беше неочекувана

Џенифер Лопез / Фото: EPA-EFE/ISAAC ESQUIVEL

Веќе неколку дена јавноста не престанува да зборува за потенцијалниот развод на еден од најпопуларните славни парови. Станува збор за актерот Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез, кои веќе се познати по бурното минато, па веќе еднаш ја откажаа свршувачката и тргнаа по својот пат.

Гласините од ден на ден стануваат сè почести, а Бен и Џенифер не даваат коментари. Но, сега пејачката проговори и реши барем малку да ги замолчи сите гласини за разводот.

Имено, Џенифер го промовираше својот нов филм „Атлас“ во Мексико Сити. Ѕвездите на новиот филм на „Нетфликс“ одговараа на прашања на новинарите, а една од нив многу директно ја праша пејачката за нејзиниот наводен развод со актерот Бен Афлек.

„Дали твојот развод со Бен Афлек е реален?“, ја праша новинарката и ги изненади колегите со прашањето.

По незгодното прашање еднаш интервенираше Симу Лиу, колегата на Џенифер од новиот филм.

„Добро, нема да го правиме тоа така. Ви благодариме многу, навистина го цениме тоа“, одговори Лиу на новинарката.

Лопез потоа се наведна кон неа и рече: „Ти знаеш подобро од тоа“.

„Не доаѓај со таква енергија, те молам“, ѝ додал Лиу на новинарката.

Тогаш актерот почнал да зборува за Џенифер како продуцент на овој филм, за да ја оттргне непријатната тема за пејачката.

„Сакам да кажам една работа на крајот. Џенифер е продуцент на овој филм и причината зошто сум тука и зошто Стерлинг беше во овој прекрасен филм е затоа што Џен навистина е константа. Џен се грижи за нештата како што се застапеноста и различноста, а таа е шефот“, заклучил тој.

„Сака да биде среќен“: Поранешната сопруга на Бен Афлек му помага да си го среди бракот со Џенифер Лопез

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот