ВИДЕО | Нова бура емоции: Роберт Билбилов го промовираше видеото за „Кој отров“

БИЛБИЛОВ
Фото: Принтскрин / Youtube

Роберт Билбилов е неуморен! После одличното видео за темата „Нигде не те
наоѓам“ познатиот пејач и композитор со ново музичко парче. Овојпат станува збор за синглот кој го носи името „Кој отров“, а премиерата на спотот за истиот беше вчера.

На официјалниот канал на Јутјуб веќе можете да го најдете и погледнете, а тимот кој се погрижи за ова ново хитовско остварување се самиот Роберт (музика и аранжман) и Робин Зимбаков кој го потпишува текстот.

Ова е проект на кој што сум особено горд и мислам дека е еден од подобрите. Текстот го напиша мојот долгогодишен пријател и соработник Робин и сигурен сум дека имаме хит во најава. „Кој отров“, како и „Нигде не те наоѓам“ се само најава за она што допрва следува, а тоа е албум, мислам дека и должам на публиката нов носач на звук, откри Билбилов.

Кадрите за видеото за снимени во Охрид, а за нив задолжен беше Даниел Јовевски кој приказната од песната ја долови визуелно на совршен начин, со помош на убавата Елена Гугоска, додека, пак, за целокупниот изглед на Елена и Роберт се погрижија Даниел Николовски, Цеце Николовска и Викторија Бурсаќ Петров.|

„Тоа е таа емоција која што ја носиш, посебна е!“, „ Секоја песна емоција, како ѕвезди на небо ги редиш“, „ Совршено, делот со виолината фантазија“, „ Се што Роберт ќе скоцка е незаменливо и единствено, побогати сме за уште еден летен хит“… се само дел од коментарите од страна на фановите испишани под видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот