ВИДЕО: Нов „трипл-дабл“ на неверојатниот Јокиќ

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Никола Јокиќ го забележа својот 19 „трипл-дабл“ оваа сезона во победата на Денвер Нагетс со 113:109 над Шарлот Хорнетс во НБА лигата. Српскиот центар го заврши мечот со 26 поени, 19 скока и 11 асистенции.

Нагетси ја забележаа рекордна 23 победа на гости. Денвер дојде до значајна предност во третиот период, но на четири минути до крајот на мечот Хорнетси дојдоа до 105:104. Со поените на Јокиќ играчите на Мајк Мелоун повторно направија разлика (109:104) и го приведоа натпреварот кон крајот.

Во редовите на Денвер се истакна и Арон Гордон кој постигна 21 поен, Вил Бартон броеше до 18, а по 14 поени постигна Џеф Грин и Монте Морис.

На другата страна најдобар беше Мајлс Бриџис со 27 поени и 11 скока, Ламело Бол постигна 22 поени и 11 асистенции.

Денвер е шести на табелата на Западната конференција со скор 45-31. Шарлот е на деветтото место на Истокот со 39-37.

НБА лига, резултати –

Шарлот хорнетс – Денвер нагетс 109:113
Кливленд – Орландо 107:101
Индијана – Атланта 123:132
Мајами – Сакраменто 123:100
Њујорк – Чикаго 109:104
Торонто – Бостон 115:112, 106:106 (по 1. продолжение)
Хјустон – Сан Антонио 120:123
Мемфис – Голден стејт 123:95
Портланд – Оклахома 131:134, 115:115 (по 1. продолжение)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот