ВИДЕО | Нов скандал на духовниот водач: Далај Лама непристојно ја допирал Лејди Гага

Фото: Принтскрин/Твитер

Откако светот беше шокиран од снимката на која Далај Лама бара мало момче да го бакне во уста и „да му го цица јазикот“, сега на Твитер се појави видео на кое се гледа како тибетскиот верски водач несоодветно ја допира по нозете пејачката Лејди Гага.

На видеото се гледа како Далај Лама седи до Лејди Гага, а во еден момент ги гледа нејзините искинати фармерки. Потоа ја пружа левата рака и со прстите ја допира кожата на пејачката. Кога се обидел да го стори истото на другата нога, поп ѕвездата го зграпчила за рака и го запрела. На снимката се гледа дека Лејди Гага со напор се смее, засрамена.

 


„Имам чувство дека ќе гледаме уште вакви видеа“, „Не знаев дека е толку лигав“, „Веројатно планираше да го направи ова јавно за сите да мислат дека само си игра наоколу. Перверзен“, „Вистината секогаш излегува на виделина“, се само дел од коментарите на корисниците под објавата.

Да потсетиме, непристојниот чин на 87-годишниот Далај Лама со момчето се случил во храмот во Дарамшала, Индија. Далај Лама му рекол на момчето да дојде на сцената каде што седел. Покажувајќи на своите образи, на снимката се слуша како вели „прво овде“, по што детето го бакнало и прегрнало.

Далај Лама го задржал момчето, велејќи „мислам и овде“, а потоа го бакнал во уста. „И цицај ми го јазикот“, му рекол, вадејќи го јазикот, чело до чело со момчето. Детето брзо го извадило јазикот и сакало да се оддалечи, додека Далај Лама се смеел и повторно го повлекол во својата прегратка додека публиката се смеела на тоа. Видеото се прошири на интернет и предизвика негодување, револ и бес.

ВИДЕО | „Цицај ми го јазикот“: Скандалозна снимка на Далај Лама со мало момче

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот