ВИДЕО: Нов кикс на Баерн, само бод за баварците против Хофенхајм

Втор натпревар по ред на кој Баерн не успеаве да победи во Бундесллигата/ фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Баерн Минхен втор натпревар по ред не успеваат да се радуваат на победа во Бундеслигата и по ремито против Баер, денеска ремизираа на гости кај Хофенхајм играјќи 1:1.

Хофенхајм поведе со голот на Баумгартнер во 32 минута, а Баерн успеа да израмни во финишот од првиот дел преку Роберт Левандовски.

Баерн останува лидер на табелата со 60 бода, 10 повеќе од Борусија Дортмунд која има и два натпревари помалку.

Фудбалерите на Фрајбург со 3:2 го совладаа Волфсбург и се искачија на четвртото место на табелата со 44 бода, колку што има и Хофенхајм.

Домашниот тим по првиот дел имаше водство од 2:0 благодарение на двата гола на Грифо, а гостите на стартот од второто полувреме намалија на 2:1 преку Крусе. Резултатот беше активен до 85 минута кога Арнолд погоди за 2:2, додека Шлотербек погоди за 3:2 во последната минута од натпреварот.

Унион Берлин и Штутгарт одиграа без победник 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот