ВИДЕО | Николовски: Одбиените кандидати за безбедносни сертификати не значи дека се неспособни

Самото зачленување на Република Северна Македонија во НАТО е историски настан, а придобивките од членството во Алијансата се многубројни и многу големи, не само на безбедносен план, изјави за УБ првиот воен претставник на земјава во НАТО, а сега претседател на партијата на пензионерите, Илија Николовски.

„Мисијата на НАТО зајакна во Брисел во сите секции, комитети и затоа ние неопходно е да имаме свои претставници“, рече тој.

„Кога станува збор за безбедносните сертификати тоа е нормална работа но не знам зошто во земјава почнаа да се прават сензации, според мене само двајца до сега не добиле безбедносен сертификат што е многу мал процент во однос на другите источноевропски земји каде дури 15 отсто од нивните офицери не добиваат такви сертификати“, вели Николовски.

„НАТО има посебни процедури, се вршат безбедносни проценки на национално ниво и службата за безбедност во НАТО врши свои проценки, а тоа не значи дека овие кои се одбиени се неспособни“, вели Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот