ВИДЕО: Никако да заврши резултатската криза на Барди и Леванте!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ги постигна првите голови сезонава за Леванте во шпанската „Ла Лига“/Фото: EPA-EFE/SALVADOR SAS

Вечерва во Виго фудбалерите на Леванте го претрпеа и четвртиот пораз во низа во најсилното шпанско првенство.

Во рамките од 34 коло во „Ла Лига“ составот на Леванте загуби на гостувањето кај Селта со конечен резултат 2:0.

За екипата од Валенсија стартер беше македонскиот репрезентативец Енис Барди кој настапи до 68 минута кога беше заменет од Рочина.

Домаќините своите погодоци ги реализираа во второто полувреме, поточно во 51 минута преку Мендез и во 74 минута кога стрелаше Солари.

Леванте е на 12 позиција со 38 бодови и во наредното коло ќе му гостува на Алавес, додека Селта Виго е на деветтото место со 44 бодови.

Четири желби, една титула во „Ла Лига“: Кој има полесен, а кој потежок распоред?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот