Четири желби, една титула во „Ла Лига“: Кој има полесен, а кој потежок распоред?

Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA/EPA-EFE/JUANJO MARTIN/EPA-EFE/NEIL HALL/EPA-EFE/MANUEL BRUQUE

Барса во четвртокот ги разочара своите навивачи со поразот на домашен терен од Гранада (1:2) и така пропушти шанса да се искачи на првото место на пет кола до крајот на сезоната во „Ла Лига“.

Четири екипи се очекува да водат голема борба за шампионската титула во најсилното шпанско првенство, на моментно на првото место е Атлетико Мадрид со 73 бодови, Реал Мадрид и Барселона имаат по 71, а Севиља е четвртопласирана со 70.

Се поставува прашањето која екипа на крајот ќе го слави трофејот, во продолжение можете да погледнете кој каков распоред има до крајот на шампионатот.

Клучно може да биде 35 коло кога токму овие четири екипи ќе се соочат меѓу себе, односно Реал е домаќин на Севиља, а Барселона ќе го пречека Атлетико.

„Ла Лига“ (сезона 2020/2021)

34 коло –
Валенсија – БАРСЕЛОНА
СЕВИЉА – Атлетик Билбао
РЕАЛ МАДРИД – Осасуна
Елче – АТЛЕТИКО МАДРИД

35 коло –
РЕАЛ МАДРИД – СЕВИЉА
БАРСЕЛОНА – АТЛЕТИКО МАДРИД

36 коло –
СЕВИЉА – Валенсија
Леванте – БАРСЕЛОНА
Гранада – РЕАЛ МАДРИД
АТЛЕТИКО МАДРИД – Реал Сосиедад

37 коло –
АТЛЕТИКО МАДРИД – Осасуна
БАРСЕЛОНА – Селта Виго
Атлетик Билбао – РЕАЛ МАДРИД
Виљареал – СЕВИЉА

38 коло –
Ваљадолид – АТЛЕТИКО МАДРИД
РЕАЛ МАДРИД – Виљареал
Еибар – БАРСЕЛОНА
СЕВИЉА – Алавес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот