ВИДЕО: Невреме во Србија, олуја на Ада Циганлија

фото:N1Milan Nikić
Невреме во Србија

Невреме проследено со силен дожд, ветер и град денеска ја зафати Србија. Невремето ги погоди западните делови од земјата, но набрзо стигна и до Белград, објави српскиот сервис на Н1.

Во Белград, буквално се стемни во секунда околу 14 часот во центарот на градот. Врне, дува силен ветер и паѓа град. Невремето пристигна во Белград околу 13 часот и 40 минути, пренесуваат српските медиуми

Александар Шапиќ, градоначалникот на Белград, ги предупредува граѓаните да не излегуваат надвор.

На социјалните мрежи луѓето објавуваат снимки од големото невреме. Има обилни дождови, ветерот силно дува, а се создава впечаток како надвор да е темно и магливо.

Во Лајковац автомобилите полека возат низ поплавени улици, а водата стигнала и до тротоарот. По улиците тече големо количество вода, а водата стигна и до автобуската станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот