ВИДЕО | Неверојатни сцени: Пепел го покри рускиот полуостров Камчатка, вулканот Шивелуч не мирува

Фото: Твитер

Вулканот Шивелуч на рускиот полуостров Камчатка веќе втор ден исфрла пепел.

Ерупцијата на еден од најактивните вулкани на Камчатка почна вчера, а вулканската пепел се прошири на 500 километри северозападно и покри неколку села.

Излегоа неверојатни видеа како пепелта ги покрива населените места.

Геофизичкиот истражувачки центар на Руската академија на науките соопшти дека ерупцијата продолжила и денеска и дека вулканот исфрла облаци од прашина до 10 километри височина.

Од почетокот на ерупцијата, оваа област е затворена за летови, а на жителите им се советува да останат во затворени простории.

Шивелуч има два дела – Стар Шивелуч со висина од 3.283 метри и помал, многу активен Млад Шивелуч.

Камчатка е лоцирана на 6.600 километри источно од Москва и има 160 вулкани, од кои околу 30 се активни.

Инаку пред неколку дена силен земјотрес од 6.5 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка сместен на крајниот исток на Русија.

На социјалните мрежи се појавија повеќе видео снимки од моментот на земјотресот.

Но, само еден ден пред земјотресот имаше ерупција на еден од вулканите на овој полустров.

Полуостровот е на околу 6.600 километри источно од Москва и е една од областите со најголема концентрација на геотермална активност во светот, со околу 30 активни вулкани.

Поради своите вулкани, гејзери и термални извори, Камчатка е атрактивна дестинација за многу љубители на природата.

Полуостровот Камчатка долг 1.200 километри и широк до 450 километри има околу 160 вулкани, но само неколку од нив се сè уште активни. Вулканскиот регион е светско природно наследство на УНЕСКО.

ВИДЕО: Истокот на Русија го погоди земјотрес, ден претходно големи вулкански ерупции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот