ВИДЕО | Еруптираше вулкан на Камчатка, властите предупредуваат на можна закана за воздушниот сообраќај

Вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија еруптираше рано изутринава, исфрлајќи облак од пепел висок 10 километри, што претставува зголемена закана за воздушниот сообраќај, соопшти тимот за одговор на вулканска ерупција на Камчатка (КВЕРТ).

Тимот издаде црвен аларм истакнувајќи дека „голем облак од пепел“ се движи западно од вулканот и дека во секое време може да се случи експлозија со исфрлање пепел до височина од 15 километри.

„Тековната активност може да влијае на меѓународните летови и авионите што летаат на пониски височини“, се вели во извештајот.

Локалните власти ги затворија училиштата и им наредија на жителите на околните села да останат во затворени простории бидејќи облакот од пепел може да се прошири на десетици километри околу вулканот, рече шеф на општинскиот регион Уст-Камчатски Олег Бондаренко во објава на Телеграм.

Еден од најголемите и најактивните вулкани во Камчатка, Шивелуч имаl околу 60 значајни ерупции во последните 10.000 години, а последната голема се случи во 2007 година.

Бондаренко рече дека вулканот еруптирал во 6:31 часот по локално време, а облакот се проширил во селата оддалечени повеќе од 70 километри.

– На жителите им се препорачува да останат дома и да избегнуваат непотребни патувања, нагласи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот